Насловна Мапа на сајтот Kонтакт
| Вести насловна
вторник, 09 февруари 2010 English Shqip
Навигација

Најава

ФОРУМ
 

Прашања и одговори

За да поставите прашање кликнете овде



Вести насловна
Заменик министерот за економија ја отвори дводневната обука за стратешко планирање
Велешко Езеро, 09.10.2009

Денеска, заменик министерот за економија г-дин Методиј Хаџи - Васков со воведно излагање ја отвори  дводневната обука за стратешко планирање, наменета за новите 12 бизнис центри (Чаир, Штип ( со општина Карбинци), Липково, Желино, Свети Николе (со општина Лозово), Виница (со општина Зрновци), Делчево (со општина М. Каменица), Валандово, Струга, Богданци (со општина Дојран), Пробиштип и Демир Хисар). Овие бизнис центри се основани во текот на 2008 година, со поддршка на Министерството за економија и локалните самоуправи. Настанот се организира во рамки на проектот  „Градење на капацитетите за создавање на економија базирана на знаење“, финансирана од страна на Австриската развојна агенција

Покрај заменик министерот за економија, свои излагања имаа и градоначалникот на општина Велес, г-дин Горан Петров, и директорот на Австриската развојна агенција, г-дин Хајнц Хабертеуер.

Заменик министерот Хаџи - Васков во своето излагање  подвлече дека  Министерството за економија го реализраше проектот „Воспоставување на нови бизнис центри“ во  општините, каде што немаше ваков вид на институции, со намера  бизнис центрите  да бидат средиште за стручна и советодавна помош на претприемачите во општините, промовирање на претприемништвото, давање информации за можностите за влегување во бизнис, како и за поттикнувачките мерки кои почетниците и претприемачите можат да ги користат, давање совети за водење на работењето, помош во подготовката на деловните планови, организирање на инструктажи и други форми на дополнително образование, упатување на специјализирани форми на помош и соработка со локалната самоуправа.

Во своето обраќање заменик министерот за економија посебно се осврна на значењето на МСП за локалниот економски развој и, воопшто, за македонското стопанство. Заменик министерот нагласи дека МСП во економскиот живот на Македонија, со своите 98 % од вкупниот број на претпријатија и 78 % од вкупната вработеност, преставуваат значаен фактор за националната економија и за креирање на економските политики. Имајќи го предвид значењето на МСП во нашата економија, заменик министерот истакна дека  Министерството за економија презема бројни активности со цел воспоставување на квалитетна институционална инфраструктура која ќе понуди техничка поддршка на МСП, со цел зајакнување  на конкурентноста на МСП преку квалитативно подобрување на  нивните производи и услуги.

Исто така, г-дин Хаџи-Васков нагласи дека понатамошната поддршка на МСП ќе биде континуирана задача во програмските активности на Министерството за економија, составен дел на техничката помош од донаторски проекти, со цел да се обезбеди натамошно институционално и кадровско јакнење на мрежата од вакви центри, а во насока на создавање поефикасни  бизнис  центри.

На крајот на своето обраќање, заменик министерот Хаџи - Васков се заблагодари на присутните и им посака успешна и плодна работа во текот на дводневната обука и воедно ги охрабри активно да се вклучат во овој настан, кој им стои на располагање, зашто единствено со зголемување на иновативноста и јакнењето и унапредувањето на конкурентноста на МСП може да се подобри квалитетот на производите и услугите и да се унапреди позицијата на македонската економија на глобалниот пазар.

 

Стечај

Заштита на потрошувачи

Агенција за енергетика

Регулаторна комисија за енергетика

Биро за метрологија

Институт за акредитација

Институт за стандардизација

Потпишани договори за Берис проектот

 
© Copyright 2009, Министерство за економија, Сите права задржани