Министерството за економија ги известува трговските субјекти дека од денес започнува со објавување на списокот на готови (потпишани) лиценци за продажба на алкохолни пијалоци кои можат да се подигнат во Министерството за економија. Списокот на лиценци постојано ќе се ажурира. Лиценците можат да се подигнат во Министерството за економија лично од Управителот на ТД т.е.ТП или од лице ополномоштено од управителот на ТД т.е.ТП. Трговските друштва и трговците поединци кои сакаат лиценците да им бидат доставени по пошта до Министерството за економија на факс бр. 02 3084901 да достават потпишано и заверено барање.
Ве информираме дека на 2 октомври 2008 година, Министерството за економија во соработка со USAID - Проект за деловно опкружување, ја организира ra четвртата годишна Конференција за унапредување на извозот на Република Македонија 2008. Конференцијата се организира со цел да се овозможи дијалог на Владата со приватниот сектор во креирање на надворешно трговската политика. Прилог: Дневен ред
“Службен весник на Република Македонија“ бр.88/2008