Туристички промет за месец Мај
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2008 година изнесува 58 474, а бројот на ноќевањата изнесува 124 819. Бројот на домашните туристи во мај 2008 година, во однос на мај 2007 година, е зголемен за 29.9%,а бројот на странските туристи е зголемен за 20.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристите во мај 2008 година, во однос на мај 2007 година, е зголемен за 31.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристите е зголемен за 19.1%. Во периодот јануари-мај 2008 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 19.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27.6%, а кај странските зголемувањето изнесува 11.5%. Во периодот јануари-мај 2008 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 23.7%, а кај странските зголемувањето изнесува 13.0%. Бројот на странските туристите во мај 2008 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 56.8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 57.9%. Бројот на туристите во мај 2008 година, во однос на мај 2007 година, е зголемен за 25.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25.8%
|