Со објавување на интернет на оваа специјализирана страна за стечајните постапки и продажбата на имотот во стечајните постапки, се овозможува поголема достапност на податоци до јавноста и учесниците во стечајната постапка, а значително се зголемува и бројот на потенцијални купувачи на стечајната маса.
Огласите за продажба на имотот во стечајните постапки досега се објавуваа најчесто во дневните весници. Информациите за продажба ја делеа судбината на дневниот весник – траеле еден ден и често не доаѓаа до поголем број потенцијални купувачи. Оваа веб страна на едно место овозможува сеопфатен преглед на имотот која се продава во сите стечајни постапки во Македонија. Со објавување на веб страната, податоците за продажба се континуирано достапни на сите заинтересирани субјекти.
Податоците за продажба можно е да се пребаруваат по видови и вредност на имотот, продавачот, географско подрачје каде се наоѓа и според судот пред кој се води стечајната постапка. Во текстот на огласот, на оваа веб страна се објавуваат и прилози кон огласот за продажба како што се: нацрти, фотографии, проценета вредност на имотот, стручни наоди и слично. На овој начин создадовме прв “one stop web shop” каде купувачот на едно место, во реално време, од званични извори, може да ги добие сите релевантни податоци за продажбата: Предмет на продажба (нацрти, фотографии, проценета вредност, стручни наоди и слично) Цена ( и услови за продажба – текстот на огласот содржи време, место, начин на продажба и плаќање…)
Податоци за сопственоста и поседувањето на имотот
Податоци за продавачот (претпријатие во стечај )
Податоци за стечајниот управник – застапник на продавачот (адреса, телефон)
Податоци за судот пред кој се води стечајната постапка (сите важни податоци за судот и судиите) Веб страната исто така содржи и општи податоци за стечајните постапки, Законот за стечај и другите подзаконски акти од областа на стечајот, листа на овластени стечајни управници и сл. |