|
За да поставите прашање кликнете овде |
|
|
Д-р МЕТОДИЈ ХАЏИ-ВАСКОВ, заменик министер за економија
КОНТАКТ: Д-р Методиј Хаџи-Васков, заменик министер Тел: 3093-400; Факс: 3084-901
Д-р Методиј Хаџи-Васков е роден 14 февруари 1982 во Скопје, Македонија. Дипломирал економија (со дистинкција) на Универзитетот Мастрихт во Холандија и ја одбранил магистратурата по меѓународна економија (со дистинкција) насловена „Објаснение на финансиските кризи користејќи динамичка панел рамка“ на 30 Јули 2004 година на Универзитетот Мастрихт во Холандија. Академската година 2003-2004 студирал на Institut d’Etudes Politiques de Paris (Sciences-Po), следејќи предмети по меѓународна политичка економија и меѓународни односи во рамките на магистерскиот програм.
Во септември 2004 започнал со истражувања за докторската дисертација на Универзитетот Утрехт во Холандија и во јуни 2006 година ги завршил докторските студии по квантитативна економија на Netherlands Network of Economics. Во 2005 и 2006 следел обуки на Deutsche Bundesbank. Ја одбранил докторската дисертација насловена „Меѓународно споделување на ризикот: макроекономски и финансиски аспекти“и се здобил со звањето доктор на економски науки на 30 Јуни 2008 на Универзитетот Утрехт во Холандија.
Работел како студент-асистент и тутор на Департманот за општа економија и Департманот за квантитативна економија на Универзитетот Мастрихт од септември 2001 до август 2003 година. Во периодот од септември 2004 до јуни 2008 година бил вработен како асистент на катедрата по финансии и финансиски пазари и од Јули 2008 како универзитетски доцент по меѓународна економија и финансии на Универзитетот Утрехт. Негови научно-истражувачки трудови биле публикувани и презентирани на конференции во Амстердам, Утрехт, Оснабрик, Бон, Милано, Сао Пауло, Сантиаго де Чиле, Стразбур, Рен, Бордо, Барцелона, Софија, Цирих, Даблин и Чикаго.
Во август 2008 година е избран за заменик министер за економија на Република Македонија.
Зборува англиски, француски, холандски, германски и основен шпански јазик.
|
|
|
|
|
|