Развој на општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија, објавен на порталот на Обединети нации UN / UNDP / UNOSSC:

31.05.2016 14:47:58

 Споделување на ООН на искуството на Република Македонија / Министерство за економија/ Сектор за поттикнување на општествена одговорност на претпријатијата/ во однос на:

Воведување на концептот на општествена одговорност на претпријатијата

во Република Македонија

 

Организацијата на Обединетите нации, ООН посветува се поголема внимание врз развојот на соработката Југ-Југ. 

Според овој концепт се смета дека покрај тоа што развиените земји имаат одговори на проблеми со кои се соочуваат земјите во развој и транзиција, туку дека тие земји во развој можат да си помогнат меѓусебно разменувајќи одредени искуства од реформски процеси низ кои поминале. 

ООН во март 2016 преку Министерството за надворешни работи побара и Република Македонија да достави примери каде е давана или примана експертиза со земји во развој како и податоци за експертиза која не е разменета со други земји, која би сакала да ја сподели преку онлајн платформа на ОН,  www.southsouthworld.org 

На платформата на ООН ecis.southsouthworld.org  може да се најдат примери на експертизи од други земји, како и листа на решенија  http://southsouthworld.org/solution/index  

Имајќи ги предвид позитивните искуства од воведување на концептот на општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија, како пример од работата на Министерство за економија, Секторот за поттикнување на општествена одговорност подготви и на 30.3.2016 достави текст под наслов “Воведување на концептот на општествената одговорност на Република Македонија”, кој со посредство на Министерството за надворешни работи ООН на 30.5.2016 година го објави на посочената платформа, на линк на Канцеларија на Обединетите нации за соработка југ југ, UNOSSC: http://southsouthworld.org/solution/view?id=285 

Користа од споделување на пример на порталот на ОН за соработка југ-југ се состои во ширење на мрежа на контакти и можности за поврзување на наши институции со партнери од други земји.   

Освен тоа, нашиот пример за Воведување на концептот на ООП во РМ  може да се користи на два начина – како наше стекнато искуство што Министерството за економија е подготвено да го подели со други земји но воедно и како барање за дополнителни сознанија и искуства од други понапредни земји во областа на општествена одговорност на претпријатија.

http://southsouthworld.org/solution/view?id=285