ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ на мартовска сесија 2020 за полагање на стручен испит за ракувачи на одделни видови енергетски уреди и постројки

13.03.2020 17:21:06

 

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, донесена на 12.03.2020 година, ги информираме пријавените кандидати, како и сите засегнати страни, дека стручниот испит за ракувачи на одделни видови на енергетски уреди и постројки закажан за 17-ти март НЕМА ДА СЕ ОДДРЖИ. 

За нов термин за оддржување на истиот, ќе биде објавено дополнително известување на интернет страната на Министерството за економија.