Министерот Бектеши прими делегација од Европската енергетска заедница предводена од директорот Јанез Копач

08.06.2017 15:14:54

Министерот за економија, Крешник Бектеши денес прими делегација од Европската енергетска заедница предводена од директорот Јанез Копач.

Бектеши и Копач разговараа за соработката меѓу Република Македонија и Европската енергетска заедница, и се согласија за продлабочување на соработката со нови чекори и реформи.

Министерот Бектеши ја изрази неговата, и подготвеноста на  институција која ја води  да се превземаат потребните реформи  во енергетскиот сектор во земјата, истакнувајќи дека Министерството за економија со сите релевантни чинители во енергетскиот сектор во земјата ќе се ангажираат на исполнување на нивните обврски според  Договорот за основање на енергетската заедница.

Директор Копач пак, изрази подготвеност да помогне со експерти во процесот на хармонизација на националното законодавство со законодавството на Енергетската заедница.

Скопје, 08.06.2017