Министерот Бектеши се сретна со претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа

30.06.2017 16:01:07

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска одржа работна средба со делегација на Стопанската комора на Северозападна Македонија предводена од председателот Неби Хоџа. На состанокот министерот Бектеши беше информиран за активностите на Комората, која дејствува веќе 11 години, за предизвиците и проектите на  компаниите, членки на оваа комора.

Министерот Бектеши ги истакна мерките и проектите кои се преземени од страна на Министерството за економија и Владата во насока на подобрување на бизнис климата во земјата, додавајќи дека домашните компании ќе ја имаат поддршката од владата.

На средбата се разговараше за конкретни мерки кој ќе се преземат за уште посилна соработка меѓу Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Министерството за економија и изнаоѓање модалитети за подобра бизнис клима за домашните компании.

За време на разговорите се нагласи потребата за изнаоѓање на начини за полесен пристап на компаниите до државни средства, како форма на поттик за поголеми инвестиции.

Министерот Бектеши изрази целосна подготвеност и посветеност за поддршка на бизнис заедницата, ветувајќи и институционална поддршка за нивните иницијативи за подобар економски развој.

Скопје, 30.06.2017