Министерот Бектеши се сретна со швајцарската амбасадорка Техада

26.07.2017 13:19:16

Скопје, 25.07.2017 Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија Сибил  Зутер Техада.  Бектеши на средбата истакна дека Швајцарија претставува мошне важен трговски партнер за Република Македонија, иако во последните три години не спаѓа во листата на првите 20-те земји кои се најголеми трговски партнери на РМ, што е само причина повеќе да се работи на подобрување на економската соработка меѓу двете земји. 

Трговска соработка меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација се одвива врз основа на Договорот за слободна трговија од 2000 година, со кој македонските индустриски производи се извезуваат слободно, односно без царина во оваа држава. 

Бектеши изрази посебна благодарност до Швајцарската амбасада и Н.Е. Техада за поддршката во проектите кои се спроведуваат во областа на туризмот и угостителството, а се резултат од одличните односи меѓу двете земји.