Министерот Бектеши се сретна со амбасадорот на Велика Британија, Н.Е. Чарлс Гарет

04.08.2017 14:47:51

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со амбасадорот на Велика Британија, Н.Е.  Чарлс Гарет. Бектеши во текот на состанокот изрази задоволство од економската соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија, иако во многу области има простор за нејзино интензирвирање и продлабочување.

Бектеши и Гарет се согласија  дека постојат и можности и волја од новата влада економските односи да добијат на интензитет, особено во делот на извозот и инвестициите, како и на размена на искуства во различни економски сектори, кои би можеле да бидат од полкза за македонската економија.

Министерот Бектеши изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Велика Британија при реализација на чекорите што Министерството за економија и Владата ги превземаат во процесот на европската интеграција на земјата, како и за достигнување на поголем економски развој.

Амбасадорот Гарет ја искористи средбата да разговара и за можностите за унапредување на соработката помеѓу британските компании кои работат во земјата и носителите на реформските политики и бизнис мерките во државата, согласно програмските определби на новата влада, за што доби целосна поддршка од министерот Бектеши. 

Скопје, 04.08.2017