Министерот Бектеши учествуваше на Бизнис-форумот во Ерусалим

04.09.2017 08:57:22

Ерусалим, 03.09.2017 Министерот за економија Крешник Бектеши за време на неговата официјална посета на Израел, каде што беше дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, имаше презентација на Бизнис форумот во Ерусалим на кој присуствуваа бизнисмени од Израел и Македонија.

Министерот Бектеши ги запозна присутните бизнисмени со можностите што ги нуди Министерството за економија за странски директни инвестиции во различни области како што се енергетиката, туризмот и инвестициите во слободните економски зони кои се извозно ориентирани.

За Република Македонија, рече Бектеши, израелското искуство во деловното работење е од големо значење со оглед на деловната клима што ја има оваа земја, како меѓународен фактор во производството, туризмот и особено во областа на иновациите.

"Би сакал да зборувам за неколку области, како што е енергетската ефикасност, имајќи предвид дека во Израел околу 90 проценти од домаќинствата користат сончева енергија, потоа во областа на туризмот, која исто така е високо развиена гранка во Израел, во делот на оспособување на кадар кој работи во компаниите и меѓународните корпорации кои инвестирале во Израел", рече министерот Бектеши, повикувајќи ги израелските бизнисмени да дојдат во што е можно поголем број да инвестираат во Македонија и да посетуваат повеќе туристички капацитети во земјата.

Министерот Бектеши ги информираше израелските бизнисмени со трите езера од нашата земја, Oхридското, Преспанското и Дојранското езеро. Ги информираше туристичките компании присутни на состанокот дека Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО како едно од најстарите езера во светот, а најнаселен туристички центар е охридско-струшкиот регион со капацитет од околу 40.000 кревети, со можност за инвестирање во хотели и други станбени објекти, информира Бектеши.

Бектеши, исто така, предложи лансирање на директна авиолинија која би ги поврзувала  Скопје со Тел Авив, како и потпишувањето на договор во областа на туризмот.

Во текот на следниот ден министерот Бекеши ќе одржи билатерална средба со израелскиот министер за туризам Јарив Левин.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е во официјална посета на Израел, како дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, која од 2 до 4 септември се на посета, на покана на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Дел од делегацијата се вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.