Министерот Бектеши на средба со израелскиот министер за туризам Јарин Левит

04.09.2017 15:52:37
Ерусалим, 04.09.2017  Министерот за економија Крешник Бектеши на вториот ден од официјалната посета на Израел денес во Ерусалим имаше средба со израелскиот министер за туризам Јарин Левит, со кој разговораше за модалитетите на поинтензивна соработка во областа на туризмот меѓу двете држави.

Израелскиот министер за време на приемот на делегацијата на Министерството за економија на Македонија, кој е носител на туризмот во земјата, изрази задоволство за средбата со министерот Бектеши на која информираше и за туристичките потенцијали на неговата земја. Тој рече дека Израелците се обожаватели на патувањата, земајќи предвид фактот дека околу 8 милиони луѓе во Израел реализираат околу 20 милиони летови годишно.

Министерот Бектеши информираше дека Македонија како мултиетничка и мултикултурна држава нуди многу туристички капацитети и илјадници културни центри кои што можат да ги посетат граѓаните на Израел.

Бектеши рече дека Македонија ја посетуваат скоро 10 илјади туристи годишно од Израел, но тој број ќе се зголеми доколку имаме директна летна линија што го поврзува Скопје со Тел Авив. Идејата на министерот Бектеши беше поддржана од израелскиот министер по што одлучија да формираат  две работни групи од двете земји кои ќе ги анализираат туристичките капацитети кои би можеле да бидат посетени во двете земји.

Исто така беше одлучено тур-операторите и новинарите да ги посетат двете земји за да ги запознаат граѓаните на двете земји со природните убавини на Израел и Македонија.

Потсетуваме дека во текот на првиот ден од посетата, министерот Бектеши, како дел од официјалната делегација предводена од премиерот Зоран Заев, се состана со израелската владина делегација, а попладне имаше и обраќање на Бизнис-форумот во Ерусалим на кој присуствуваа бизнисмени од Израел и Македонија.