Министерот Бектеши во посета на Кина, се срeтна со генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифаи

11.09.2017 10:25:56

Ченгду, Кина 11.09.2017 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја започна официјалната посета на Кина, кој воедно ја предводи и македонската делегација на 22-тата седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација што се одржува во градот Ченгду, Кина.

На конференцијата, на која присуствуваат министрите одговорни за туризам од целиот свет, ќе се разговара за развојот на светскиот туризам, новите трендови во туризмот, подобрувањето на туристичките услуги и одржливиот туризам.

Министерот Бектеши на Самитот, ја претстави стратегијата за туризам на нашата земја, додека се состана и со генералниот секретар на UNWTO, г-дин Талеб Рифаи.За време на состанокот министерот Бектеши обезбеди поддршка за Македонија на која се согласија  и за проекти во областа на туризмот кои ќе се реализираат во соработка меѓу Министерството за економија како одговорна за туризам во Македонија и Светската туристичка организација со седиште во Мадрид.

Меѓу проектите што Бектеши и Рифаи се согласија да ги реализираат се и  поддршката на експерти за измени на законите за туризам и угостителство, прописите за категоризација на угостителските објекти, поддршката за имплементација на системот за одзив на туристи ТСА(tourist satellite account) ,обуки за вработените во секторот туризам во седиштето на UNWTO во Мадрид, за 2 лица  до 6 месеци во континуитет, како и обука на студентите кои се запишани на универзитет за туризам.

Министерот Бектеши  му се заблагодари на генералниот секретар Талеб Рифаи за безрезервната поддршка за Македонија и гарантира успешна соработка во иднина.Министерот Бетекши ќе присуствува и на гласањето на Извршниот одбор на UNWTO, каде што ќе биде избран  новиот генерален секретар за следниот мандат.