Бектеши: Економската соработка во регионот, предуслов за интеграција на земјата во ЕУ

07.05.2018 14:35:17

Скопје, 07.05.2018 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска учествуваше на дебатата "Економска интеграција на земјите од Западен Балкан и пристапот на земјите од Западен Балкан во Европската унија", организирана од Институтот за политички и меѓународни студии - ИСПН, која се одржа во рамки на Европската недела. 

Министерот Бектеши, објаснувајќи ги можните придобивки на Македонија по членството во ЕУ, рече дека во последните две децении означен е голем напредок во Западен Балкан и многу важни достигнувања, но регионот сé уште се соочува со неколку предизвици за приближување на животниот стандард до онаа на европските земји, нагласувајќи дека без директна финансиска поддршка од ЕУ, ова нема да се постигне според динамиката на која се надеваат земјите од Западен Балкан. 

На последниот самит во Трст, Западен Балкан обезбеди неколку регионални проекти за поврзување, изразувајќи потреба да обезбеди финансиска поддршка за подобра мрежа на патни, железнички, воздушни и енергетски врски. Создавањето на регионална економска зона за економска интеграција во Западен Балкан има за цел да ги поддржи нашите земји да привлечат повеќе инвестиции, да ги намалат трошоците за трговија и производство и да ги елиминираат бариерите за пристап на пазарот на национално ниво, врз основа на согласност со ЕУ ", рече Бектеши. 

Иако имаме амбициозна агенда, во воспоставувањето на обединета трговска политика за зајакнување на нашите трговски потенцијали и подобрување на трговските бројки, нашата трговска интеграција претставува чекор напред кон ЕУ, а не алтернатива за членство, додаде Бектеши. 

Владата на Република Македонија, рече министерот Бектеши, останува целосно посветена на натамошно  зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан врз основа на принципите на регионална сопственост, одговорност, вклученост, солидарност и добрососедски односи, со цел да се зголеми конкурентноста и да се зголеми индустријата и бизнисот во регионот. 

Во име на европското претседателство, заменик-амбасадорката на Бугарија, Даниела Будинова, рече дека националното мото на нејзината земја е "Обединети сме посилни" и ова мото треба да им служи на сите во регионот, иако Македонија постигна голем напредок за членството во ЕУ , таа уште еднаш ја потврди поддршката што Бугарија и ја дава на нашата земја.

Амбасадорката на Република Австрија, Ренате Коблер, земјата која го презема претседателството со ЕУ од јуни месец, разговараше за глобалната стратегија на Европската унија и за 18-месечниот план што го има Европската унија, за нови работни места и развој на конкурентноста.