Собранието го усвои новиот закон за енергетика

22.05.2018 12:22:35

Вчера собранието го усвои новиот закон за енергетика , а веќе денес информацијата дека законот е усвоен може да се види закачена и на официјалната страна на Енергетската заедница  https://energy-community.org/implementation/FYR_Macedonia.html

Да потсетиме, новиот Закон за енергетика, кој е направен во интерес на сите граѓани, претставува европско решение кое гарантира квалитетно, сигурно и безбедно снабдување со енергија. Исто така, нов Закон за енергетика требаше да биде подготвен и донесен уште во 2014 година, но поради негово пролонгирање, беа отворени два судски спора против Република Македонија.

Наспроти ова, оценките и коментарите од страна на Европската комисија за новото законско решение се позитивни, со оглед на фактот дека овој закон е целосно усогласен со законодавството на ЕУ во областа на енергетиката - третиот пакет на мерки од областа енергетиката, согласно обврските што произлегуваат од договорот со Енергетската заедница.

Донесувањето на овој закон ќе има главно економски импакт, затоа што тоа го означува крајот на монополот, а граѓаните конечно го добија правото сами да изберат од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија и природен гас.