Министерството за економија со свои претставници на 63. состанок на Комисијата за Европа на Светската туристичка организација

12.06.2018 17:41:12

Прага, 12.06.2018  Делегација од Министерството за економија предводена од Државниот секретар Зоран Павловски од 11 до 13 јуни престојува во Прага на 63. состанок на Комисијата за Европа на Светската туристичка организација (UNWTO - CEU), која се одржува во Прага, Република Чешка. Состанокот го отвори г-дин Зураб Полколикашвили, генерален секретар на Светската туристичка организација и г-ѓа Клара Досталова, министер за регионален развој на Република Чешка.  На состанокот присуствуваат високи претставници на владите од европските земји и министерствата во чија надлежност е туризмот, но и претставници од туристичкиот сектор и академската јавност во чиј интерес е туризмот.

Годишниот редовен состанок има за цел да обезбеди одлична можност претставниците од земјите да разговараат за приоритетните области на европските земји-членки во овој значаен економски сектор и за предвизиците кои се наметнуваат, а треба соодветно да се позиционираат во рамки на новата програма за работа и визија на Организацијата.  Главната порака од овој годишен состанок е позиционирање на туризмот високо во националните, регионалните и меѓународните структури, креирање на стратегии за развој на овој сектор и продолжување на напорите за се обезбеди потребната финансиска рамка за реализација на неопходните активности.

Покрај извештаите на генералниот секретар во однос на имплементацијата на програмата за работа на Светската туристичка организација  и комитетите за туризам, одржливост, компетитивност и светска сателитска сметка, на состанокот, со кој овојпат претседаваше Република Хрватска,  беше вклучена презентација и стратешка дискусија на тема  „Поттикнување на иновативниот екосистем и дигитализација во туризмот",  како начин за да се направи поголема конкурентност на европската туристичка индустрија преку дигитални алатки, вештини и мрежи.