Бектеши: Македонија ќе воспостави „one stop shop“ и со Албанија

04.09.2018 13:13:29

Скопје, 04.09.2018 Министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека Македонија ќе воспостави „one stop shop“ за заедничка гранична контрола и со Албанија, а целта според него е зголемување на трговската соработка меѓу двете земји.

‘Македонија е целосно посветена на зголемување на соработката со државите од регионот, на основање заедничка економска зона со што ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, изјави министерот Бектеши пред почетокот на јавната расправа во Стопанската комора на Македонија за придобивките на македонската економија од членството во НАТО и ЕУ.

Министерот Бектеши изјави дека целта на овој проект е олеснување на слободната трговија за стоки, подобрување на заедничкото управување со ризик, и што е можно поголема трговска размена меѓу двете земји.

Воведувањето на заеднички царински конктроли, помеѓу Република Македонија и Република Албанија како потписнички на Меѓународната конвенција за поедноставување и хармонизација на царинските постапки, е дел и од акцискиот план за создавање на регионална економска област на Западен балкан, усвоен во текот на Самитот на ЕУ со семјите на Западен Балкан оддржан во Трст 2017 година.