Бектеши: Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, им овозможуваме на домашните компании да ги прошират своите производствени капацитети

05.09.2018 13:40:43

Гостивар, 09.05.2018 година Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна посета на фабриката за душеци "Алмеро" во Гостивар, која претставува успешен домашен бизнис, од областа на преработувачката индустрија.

Министерот Бектеши на средбата со раководството на фабриката информираше за неодамна усвоениот Закон за финансиска поддршка на инвестициите како  и со Планот за економски раст,  кој нуди повеќе можности за финансиска поддршка на инвестициите.

Министерот Бектеши информираше дека овој закон, покрај тоа што не прави разлика меѓу домашните и странските компании, директно помага да се прошират производствените капацитети на компании од различни профили, додавајќи дека кампаниите, како што е фабриката Алмеро, која е прва специјализирана фабрика за производство на душеци, и е извозно ориентирана, се од особена важност не само за нашата земја, туку и надвор, во земјите каде што ги извезуваат нивните производи.

"Една од целите на концептот за поддршка на инвестициите за домашните компании е да имаат можност да адаптираат нови технологии во нивните производни процеси и да изградат нови капацитети за развој на деловни односи со странски компании, како и да да размислуваат за пробивање на нивните производи на поголеми пазари, а најдобар пример за тоа е фабриката Алмеро, која врз основа на Законот за финансиска помош за инвестиции, ќе ги зголеми инвестициските капацитети во нов објект од 10.000 м2 и двојно ќе го зголеми бројот на вработени", рече Бектеши.

Министерството за економија, изјави Бектеши, активно е вклучено во реализацијата на проекти и програми преку кои се промовираат економски активности во нашата земја, додека најважен сегмент е имплементацијата на мерките од Планот за економски раст.

"Оваа година се одобри Законот за финансиска помош за инвестиции, и компаниите веќе се информирани. Ние очекуваме до крајот на годината колку што е можно повеќе компании да се охрабрат и да ги зголемуваат производствените капацитети, имајќи предвид дека државната финансиската поддршка, иако не е дел од владината програма, е дел од овој закон, и тој гарантира дека средствата кои ќе бидат инвестирани во 2018 година, веднаш по поднесувањето на финалната сметка од страна на компаниите, ќе бидат вратен дел од нив во 2019 година’, изјави Бектеши.

Менаџерот на фабриката "Алмеро" Адем Агаи, му се заблагодари на министерот Бектеши за посетата и за поддршката што ја даваат владата и Министерството за економија на компаниите.

"Ние сме компанија основана во 2003 година, на почеток имавме осум вработени, успеавме да ја зголемиме таа бројка на 43 вработени, продолжуваме понатаму да развиваме, а нашиот план е да го зголемиме капацитетот од 300 душеци дневно на 500, а бројот работници на 80", изјави менаџерот на Алмеро, Адем Агаи.