Бектеши се сретна со амбасадорот на Финска, Питер Иконен

10.09.2018 14:26:13

Скопје, 10.09.2018 Министерот за економија Крешник Бектеши денес се сретна со нерезидентниот амбасадор на Финска во Република Македонија,  г-дин Питер Иконен, со кого разговараа за соработката и добрите односи меѓу двете земји, како и мерките што треба да се преземат во наредниот период, со цел да се интензивира соработката во сите области од взаемен интерес.

Амбасадорот Иконен во оваа прилика го информираше министерот Бектеши за интересот на многу финсиски компании да соработуваат со компании од Македонија, со посебен акцент на минералните ресурси, каде што околу 50 луѓе се индиректно ангажирани благодарејќи на професионалната и висока технологија што ја имаат.

Министерот Бекеши беше информиран и за најавениот економски форум кој ќе се одржи на 04.10.2018 година под покровителство на Амбасадата на Финска и Стопанската комора на Македонија на тема " Doing business with Finland ", кој по овој повод беше поканет да има поздравно обраќање, додавајќи дека ваквите форум се најдобриот начин за препознавање и презентирање на компаниите меѓу себе.

Министерот Бектеши, од друга страна, го информираше својот соговорник, со растечкиот економски тренд во земјата, растот на индустриското производство, растот на извозот во земјата, што исто така влијаеше и на значителниот раст на бруто-домашниот производ во вториот квартал и се оваа благодарение на оваа влада која има јасна визија, за пријателски пристап до сите држави кои сакаат да соработуваат со неа.