Министерот Бектеши на терен, ја следеше постапката на категоризација на угостителски објекти

12.09.2018 12:10:09

Скопје, 12.09. 2018 Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше на терен, и заедно со Комисијата за категоризација на угостителските објекти, која се состои од 13 членови, претставници на разни институции ја следеше постапката за категоризација на новиот Хотел ‘Александар 2’ во Скопје, кој во Mинистерство за економија аплицирал за категоризација од 4 sвезди.

Министерот Бектеши во текот на инспекцијата рече дека неговата цел е информирањето на граѓаните за овој комплексен процес во областа на туризмот, односно што треба да направат хотелиерите за да ги добијат посакуваните ѕвезди од нивна страна.

"Угостителството денес се смета за еден од главен економски придонесувачи, и во светски рамки и во националните економии, што се однесува до капиталните инвестиции, додадената вредност, вработеноста и даночните придонеси. Затоа, важно е да се каже дека зголемувањето на бројот на хотели во земјата, особено на луксузните, докажува дека политиката на Министерството за економија за создавање поволни услови за туристите ќе биде на прво место”, изјави Бектеши.

Сопственикот на хотелот "Александар 2" Спиро Чорогунов му се заблагодари на министерот Бетеши за неговата работна посета и рече дека овие достигнувања во угостителскиот сектор, се резултат на визионерските политики на Министерството за економија и на Владата.

"Економијата е во пораст, се повеќе туристи го посетуваат главниот град, како и целата држава, и секоја нова инвестиција е придонес кон економијата и доказ за светот дека и ние паралелно со другите земји се движиме напред", рече Чорогунов.

Министерот Бектеши рече дека оваа година, предвреме е постигната целта да имаме 1 милион туристи и 3 милиони ноќевања, додека зголемувањето на бројот на туристи и зголемувањето на бројот на хотели во земјата, доведува до раст на економијата воопшто, и подобар стандард на живеење за сите.

Во Македонија има околу 220 хотели, од кои со 5 звезди се 15, со 4 ѕвезди 70 хотели, со 3 ѕвезди 85 хотели, а хотели со две ѕвезди има 34 и со една ѕвезда 16.