Бектеши се сретна со претставници од енегертската групација на Светската банка

18.09.2018 15:21:20

Скопје, 18.09.2018 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше домаќин на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во нејзините напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостатокот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија, на пазарите на Западен Балкан и пошироко. 

На средбата се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети. 

Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка на средбата со министерот Бектеши беше развојот на пазарите на соларната енергија, изразувајќи подготвеност да и се помогне на владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар, со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји. 

Министерот Бетеши, информираше за најновите случувања во политичката и економската сцена во Македонија и можностите за инвестирање во различни сфери, изразувајќи  длабока благодарност за нивната подготвеност да и помогнат на Македонија преку енергетскиот сектор при Министерството за економија.

Двете страни изразија задоволство од можноста за продлабочување на понатамошната соработката, со конкретни проекти помеѓу оваа групација на Светската банка и Владата на Република Македонија.