Бектеши: Ги охрабруваме новите компании да инвестираат во проширување на својот бизнис, нивните идеи со државна поддршка ќе станат реалност

11.11.2019 16:53:33

Скопје, 11.11.2019  Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот без ресор посветен на подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија, Хисен Џемаили и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ја посетија компанијата „ЕУРО БЛУ“ во Тетово.

Компанијата е потписник на договорот за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка за инвестиции од Планот за економски раст.

Министерот Бектеши истакна дека ваквите инвестиции ќе ја зголемат продуктивноста на компаниите и ќе им овозможи да се развиваат и да се подготват за регионалната и европска конкуренција.

“Ова е уште една инвестиција на млади луѓе во нашата држава што ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, но истовремено имплементирањето на новите технологии ќе имаат големо значење за македонската економија да биде поконкурентна на регионалните и европските пазари. Имаше многу скептици кога го донесовме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, но ваквите инвестиции се факт дека сме на вистинскиот пат. Освен што ги  мотивираме и охрабруваме странските инвестиции , со Законот за финансиска поддршка ги поттикнуваме посебно младите  компании низ нашата држава за да почнат да креират нови бизниси и нивните идеи, нивната визија со помош на државата, преку овој закон  кој е многу транпарентен  ќе можат да ги направат реалност . Најдобар пример за тоа е денешната наша посета. Истовремено би сакал да ја поздравам локалната самоуправа која напорно ги информира сите компании, сите млади луѓе во овој регион за да ги користат мерките на државата имајќи го предвид  фактот дека државата  континуирано ги зголемува средствата  за да им излезе во пресрет на компаниите, а тоа го кажуват и податоците  што се изнесени. Ова година веќе имаме раст на индустриското производство, зголемување на работните места, но најважно од се е дека младите луѓе гледат опции и нивната визија веќе е реалност преку вакви инвестиции со кој јас сум убеден дека нема да бидат конкурентни само во нашата држава, но во иднина ќе бидат конкурентни и во регионот”.

Министерот Џемаили рече дека државната поддршка на Владата за бизнисот е голем стимул и мотивира многу компании да се развиваат повеќе на меѓународните пазари.

„Ние сме тука за да ја видиме новата инвестиција направена од релативно новатa компанија која што произведува пластични ќеси, а сега со нова технологија и преработка на пластичен отпад , што е и директен придонес во заштитата на животната средина. Владата на Република Северна Македонија им помага на компаниите преку мерките од Планот за економски раст за растат и да инвестираат. Државната поддршка треба да биде стимул за понатамошен раст на компаниите, а ние како Влада ги повикуваме сите компании кои што имаат раст на производството и нови инвестиции да ги користат мерките од Планот за економски раст.“.

Сопственикот на компанијата “ЕУРО БЛУ” Зултан Јусуфи се заблагодари на Владата на поддршката за набавка на нови машини за производство.

„Компанијата “ЕУРО БЛУ” е основана во ноември 2016 година, а на пазарот сме веќе трета година. Аплициравме за мерките на владата и добивме поддршка за набавка на нови машини за сечење и најважното е машини за рециклирање на пластичен отпад. Им благодарам на Владата многу за поддршката која ни ја даде и ги повикувам сите млади да се охрабрат и да дејствуваат за да ги постигнат своите цели “.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи се заблагодари на менаџментот на компанијата за ангажманот и инвестицијата, а се заблагодари и на Владата и Министерството за економија за поддршката и мотивирањето на новите бизниси.

Компанијата “ ЕУРО БЛУ”-Тетово е една од компаниите што ќе има корист од Планот за раст. Компанијата произведува пластични ќеси за домашниот пазар.Потписник е на договор за финансиска поддршка за одобрување на продуктивноста на производот.