Бектеши: Даваме силна поддршка за домашниот бизнис да инвестира во производство, да вработува и да го зголемува извозот

12.11.2019 17:06:04

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети компанијата за производство на душеци “Федер Бау“ од Тетово која оваа година е потписник на Договор за финансиска поддршка согласно Планот за економски раст. Компанијата со државна помош инвестира во нова опрема и нов погон за производство на душеци во Тетово.

„Инветсицијата на компанијата „Федер Бау“ уште еднаш покажува дека нашата цел се остварува од моментот кога почнавме со реализација на мерките од Планот за економски раст и со новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите. Со ова законско решение ние ги изедначивме домашните и странските компании, а подобар пример од денешната наша посета и овој нов производствен погон на „Федер Бау“ не верувам дека има досега„ истакна министерот Бектеши.
Тој додаде дека со поддршката од Планот за економски раст,  Владата им даде можност на домашните компании да растат, да иневстираат во нови објекти, во нова опрема со што ќе станат конкурентни, не само на домашниот, туку и на странските пазари.
„Ова е најдовбар пример дека нашите домашни компании инвестираат, вработуваат нови луѓе, го зголемуваат извозот од Северна Македонија. Тоа го потврдуваат и бројките од Заводот за статистика каде што има голем раст на индустриското произвдодство , има намалување на невработеноста и зголемување на бројот на вработени. Но, ние нема да застанеме тука, ние од наредната година ќе почнеме силно да инвестираме во човечкиот капитал, во работниците во Северна Македонија, за нив да ги мотивираме уште повеќе да бидат што попродуктивни, а така и нашите компании да станат поконкурентни“ потенцираше Бектеши.
Министерот информираше и дека во новиот Буџет за 2020 година веќе е предвидена дополнителна поддршка, посебно за микро и малите и средни фирми, со цел да воведат нови технологии, да креираат нови работни места, да го зголемат извозот, што на крај ќе добие целата економија и сите граѓани.
Сопственикот на „Федер Бау“, Кадри Бајрами истакна дека новиот производствен погон кој се гради во Тетово ќе биде пуштен во употреба следната пролет. Со оваа инвестиција во нова опрема тие воведуваат нова технологија на производство што ќе значи нови вработувања и поголем пласман на странските пазари.
„Федер Бау“ е компанија за производство на душеци која постои повеќе од 25 години. Има еден производствен погон во Голема Речица-Тетово. Потписник е на Договор за финансиска подршка на инвестиции од Планот за економски раст за набавка на нова опрема за производство на душеци.