Бектеши на Самитот за Западен Балкан: Со Енергетската стратегија до 2040 Северна Македонија ќе инвестира во целосна модернизација и трансформација на енергетскиот сектор

25.02.2020 10:03:55

Лондон, 24.02.2020  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан, кој во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), денеска се одржу во Лондон. Министерот Бектеши имаше свое излагање на Панел дискусијата која што се одржа во рамки на Самитот на тема  „Транзиција на зелена енергија“ каде што го презентираше напредокот на Северна Македонија во делот на инвестиции производство на електрична енергија од обновливи извори. Република Северна Македонија во изминатите две ипол години направи големи реформи во енергетскиот сектор, пред се со донесување на новиот Закон за енергетика и Законот за енергетска ефикасност со што се отвори простор за зголемени инвестиции во зелена енергија. Министерот изјави дека многу е важно не само за Северна Македонија, туку и за граѓаните на земјите од Западен Балкан се инвестициите за енергетско поврзување и диверзификација на изворите на енергенси.

„Разговаравме за сите реформи кои беа превземени во нашата земја во областа енергетика, за Законот за енергетика, за Законот за енергетска ефиканскот и можностите кои произлегуваат од овие законски решенија. Имав прилика да ги повикам сите заинтересирани инвеститори да ги искористат можностите кои што ги нудиме, да дојдат да инвестираат во областа енергетика псоебно во областа на обновливите извори. Друга тема важна која што ја дискутиравме со директорот на ЕБРД, е можноста за изградба на интерконекторот за природен гас со Косово што ќе даде дополнителна можност на Северна Македонија да стане транзитна земја за природен гас за Западен Балкан. За тоа ќе имаат придобивки и граѓаните и државата, освен што ќе го диверзифицираме снабдувањето со енергенси, ние исто така ќе добиеме поевтин енергенс, а истовремено нашите граѓани ќе имаат подобра животна средина, што преку гасификацијата може да се влијае позитивно’“ изјави министерот Бектеши.

Министерот пред присутните претставници од Европската Унија, Светската трговска организација, Светскиот економски форум, како и инвеститори од целиот свет кои беа присутни на Панелот ја презентираше Стратегијата за енергетика на Северна Македонија до 2040 година со која се дефинираат долгорочните цели за развој на поедини енергетски дејности за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, при тоа обезбедувајќи услови и начин за заштита на животната средина и  мерки за реализација на заштитата.

„Стратегијата обезбедува платформа за целокупната модернизација и трансформација на енергетскиот сектор во согласност со енергетските трендови на ЕУ, придонесувајќи за зголемен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на локалното и на глобалното загадување, и зголемено учество на приватниот сектор, земајќи ги предвид развојниот потенцијал на Македонија и домашните специфики. Со тоа, Стратегијата ги интегрира климатските и околинските аспекти на енергетскиот сектор, истовремено предлагајќи достапна, сигурна и одржлива енергија за иднината. Паралелно, развиена е стратешка оцена на влијанијата врз животната средина како посебен документ за процена на околински остварливите и одржливите опции за постигнување на целитe. Значајно е да се напомене дека изработивме прва Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година меѓу земјите членки на Енергетската заедница. Стратегијата се потпира на зелениот раст и нуди решенија за справување со климатските промени, особено во зеленото сценарио. Зеленото сценарио предвидува да постигне учеството на Обновливи извори на енергија до 44% во 2040 година во вкупната потрошувачка на финална енергија, потенцираше министерот Бектеши пред присутните на Панелот.

Министерот ги повика инвеститорите да ги разгледаат можностите за инвестиции во обновливи извори.

„Во стратегијата се предвидени инвестиции во фотоволтаични централи кои е предвидено да имаат вкупен инсталиран капацитет од 1357 MW  односно 41, 8% од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, за инвестиции во електроцентрали на  биогас и биомаса се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 38 MW  односно 1,2 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, потоа во новите големи хидроцентрали (Чебрен, Градец, Велес, КВ Козјак, Глобочица) за кои се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 775 MW  односно 23,9 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, а во новите мали хидроцентрали е планирано да имаат вкупен инсталиран капацитет од 223 MW  односно 6,9 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија. Предвидени се и инвестиции во термоцентрали на гас за кои се планира да има вкупен инсталиран капацитет од 141 MW  односно 4,3 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, презентираше министерот Бектеши.

Министерот информираше за двата огласи за производство на електрична енергија од фотоволтаични централи на приватно и државно земјиште по премиум тарифа кои за прв пат беа објавени во земјата и имаа голем успех гледано според интересот на инвеститорите.

На крај ги презентираше новините во Законот за енергетска ефикасност кој стапи на сила на почетокот на есец февруари со кој нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија и со кој се овозможува реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетска ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните така и за економијата воопшто.

На Панелот „Транзиција на зелена енергија“ освен министерот Бектеши свое излагање имаа Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан во Европската унија, Љубо Кнежевик, Државен советник за енергетика на премиерот на Црна Гора, Мартина Ларкин, директорка за Европа во Светскиот Економски Форум и Џенифер Вишони од Индиа Пауер Корпорејшн.

Во рамки на Самитот за Западен Балкан, министерот Бектеши заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерката за финансии Нина Ангеловска остварија средба со Претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чкарабарти со кој беше дискутирано за идните потенцијални проекти, како и со Мартина Ларкин, директорка за Европа во Светскиот Економски Форум со која беше разговарано за развојот на претприемништвото и иницијативата за регионален акцелератор за земјите од Западен Балкан.