ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

05.08.2020 08:32:00

Согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија’’ број 141/20), Министерството за економија ги известува сите Лиценцирани туристички агенции кои имаат лиценца за работа согласно Законот за туристичка дејност дека Можат да се вклучат во Проектот за поттикнување на домашниот туризам преку издавање на Ваучери во вредност од 6.000 денари за користење на одмор во Туристичките центри во Република Северна Македонија.

Со Уредбата со законска сила се уредени условите, начинот и постапката на издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.

Ваучер за туризам се издава на вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Министерството за економија ги повикува сите Лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со Ваучери за туризам, во рамките на нивните понуди за Република Северна Македонија да вклучат  и можност за резервација со Ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk

Сите заинтересирани туристички агенции кои сакаат да нудат туристички услуги со Ваучери за туризам ке треба да се регистрираат на платформата domasiedoma.gov.mk со цел добивање на пристап во платформата.

За да исполнуваат услови за добивање на пристап во платформата Туристичките агенции треба да имаат валидна Лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и истата да ја прикачат на самата платформа.

Крајниот рок за пријавување е 10.08.2020 година.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат и дополнителни услуги како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

При реализација на Ваучерот преку туристичка агенција, агенциите треба да имаат Склучени договори со објектите за сместување (категоризирани).

Туристичката агенција треба да води евиденција за секој корисник на ваучер и тоа име и презиме на носителот на Ваучерот, термин кога се користи ваучерите и назив на објектот во кој ваучерот ќе се користи.

Доколку Туристичката агенција нуди аранжмани, во Договорот за аранжман треба да стои име и презиме на носителот на Ваучерот, термин и времето кога истиот ќе се користи и во кој објект.

Туристичките агенции до Министерство за економија ќе достават Фактура за плаќање на искористени Ваучери за туризам со прилог (листа со кодовите од ваучерот за туризам и име и презиме на носителот на ваучерот, име на објектот каде лицето престојувало и договори со угостителските објекти и објектите за сместување каде се искористени Ваучерите)


Линк за пријавување >>>