ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро и мали претпријатија

10.03.2021 09:14:34

 

 

Министерството за економија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/21), објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро и мали претпријатија 

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на микро и мали претпријатија, преку субвенционирање на 50% од докажаните трошоци  направени за следните намени:

-         набавка на машини и алати;

-         набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем, за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност над 5 kW.

Јавниот повик и образците за аплицирање можете да ги симнете од следните ликови:

Јавен повик >>>
Образец „Барање – ММП 2021“
Образец „Изјава-2021“ >>>
Образец „Изјава -Државна помош 2021“ >>>

 

Известување за дополнителна поддршка од страна на ИМЕ-Програма за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка 

Врз основа на соработката на Министерството за економија со IME -Програма за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, апликантите кои аплицираат на Јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија и вршат претежна дејност 10.3 Преработка и конзервирање на овошје и зеленчук (10.31,10.32 и 10.39), 11.02 Производство на вино од грозје,  и 11.03  Производство на јаболковина и вина од друго овошје,  може истовремено да аплицираат за поддршка за предлог развоен проект за воведување на иновација или подобрување на бизнис модел, во износ до 400.000 денари, на Јавниот повик за финансиска поддршка преку Фондот за можности на IME согласно јасно дефинирани критериуми. 

Линк  до Јавниот повик за дополнителна поддршка преку  Фондот за можности на IME за развоен проект: https://ime.org.mk/mk/moznosti-za-sorabotka/javen-povik-fond-moznosti/