ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво

10.03.2021 09:21:46

 

Министерството за економија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година, објавува ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво 

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант направени за следните  намени:

·         Набавка на опрема и алати;

·         Уредување/подобрување на деловниот простор;

·    Воведување на софтверски решенија (50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари).

Јавниот повик и образците за аплицирање можете да ги симнете од следните ликови:

Јавен повик >>>
Образец „Барање – ЖП 2021“ >>>
Образец „Изјава-2021“ >>>
Образец „Изјава -Државна помош 2021“ >>>

 

Известување за дополнителна поддршка од страна на ИМЕ-Програма за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка 

Врз основа на соработката на Министерството за економија со IME -Програма за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, апликантите кои аплицираат на Јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво и вршат претежна дејност 10.3 Преработка и конзервирање на овошје и зеленчук ( 10.31,10.32 и 10.39), 11.02 Производство на вино од грозје,  и 11.03  Производство на јаболковина и вина од друго овошје,  може истовремено да аплицираат за поддршка за предлог развоен проект за воведување на иновација или подобрување на бизнис модел, во износ до 150.000 денари, на Јавниот повик за финансиска поддршка преку Фондот за предизвици на IME, согласно јасно дефинирани критериуми. 

Линк  до Јавниот повик за дополнителна поддршка преку  Фондот за предизвици на IME за развоен проект https://ime.org.mk/mk/moznosti-za-sorabotka/javen-povik-fond-predizvici/