Кабинетски службеници

  

Министерот за економија Крешник Бектеши во својот кабинет има ангажирано согласно закон, тројца (3) кабинетски службеници и тоа:

 

-          Насуф Ипчја – кабинетски службеник за економски прашања

-          Вјолца Ејупи – кабинетски службеник за финансиски прашања и

-          Лиридона Лимани – кабинетски службеник за правни прашања 

 

Висината на личниот доход е утврдена со Решение, согласно член 85 став 1 член 86 став 1 алинеја 1, член 87, и член 90 став (4) од Закон за административни службеници и изнесува, за:

-          Вјолца Ејупи – 80.512,00 денари бруто, односно 52.995,00 денари нето

-          Лиридона Лимани – 54.087,00 денари бруто, односно 35.892,00 денари нето

-          Насуф Ипчја – 81.271,00 денари бруто, односно 53.487, 00 денари нето. 

 

Работни задачи/активности: 

-          кабинетски службеник за економски прашања

дава стручно мислење за инвестициските активности во областа на стратешкото планирање, човечки ресурси, макроекономската политика и други области кои се во надлежност на Министерството за економија, и учествува во успешноста на спроведување на економските политики на министерството.

-          кабинетски службеник за финансиски прашања

дава стручни мислења во делот на буџетот на Министерството за економија и негова реализација, се грижи за финансиските текови на инвестиционите програми и други проекти од надлежност на министерството, дава стручна помош и ја следи реализацијата на финансиските движења во министерството

-          кабинетски службеник за правни прашања

ги извршува работните задачи од областа на норамтивно – правни работи и други прописи кои се во надлежност на Министерството за економија, и се грижи за законито, навремено, квалитетно и ефикасно реализирање на проектите во надлежност на министерство.