Министерство за економија

Мисија визија и приоритети на МЕ

 МИСИЈА

Министерството за економија работи на создавање на услови за развој на индустријата, на кластерингот и вклучување на македонските компании во мрежата на глобални добавувачки ланци, развиен претприемачки сектор, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда.

 ВИЗИЈА

Република Македонија да се реформира во земја со развиена функционална економија, која ќе продуцира нови работни места, поголема ефикасност, продуктивност и конкурентност на компаниите, зголемување на извозот и пораст на инвестициите, повисок животен стандард и подобар живот за сите граѓани во неа.

ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА 

Поддршка и развој на мали и средни претпријатија

- Поддршка на домашните претпријатија, пред сѐ на малите и средните претпријатија, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување и зголемување на нивото на платите во економијата;

- Зголемување и подобрување на можноста за раст на малите и средните претпријатија (МСП);

- Динамичен екосистем на претприемништво и иновации;

- Конкурентни мали и средни претпријатија како двигатели на инклузивниот економски раст.

Развој и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија

- Зајакнат меѓуинституционален дијалог во функција на креирање на политики, мерки и активности за индустриската политика;

- Унапредување на капацитетот и конкурентноста на кластерите и нивните членки, нивно меѓународно поврзување, унапредување на знаењата базирани на високи технологии, истражување и развој, извозноориентирани стратегии и модел базиран на индустријализација;

- Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на индустријата на трајна основа;

- Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.

Развој на туризмот и угостителството во Република Македонија

- Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда во земјата, преку креирање на поволна бизнис клима и зголемена валоризација на културните и природните богатства;

- Зголемување на бројот на домашни и странски туристи, раст на приходите од туризмот, со крајна цел зголемено учество на туризмот во вкупниот БДП на земјата;

- Зголемување на туристичката понуда и градење на препознатлив туристички имиџ со воведување на светски стандарди кај туристичко-угостителските услуги;

- Унапредување на меѓународната туристичка соработка;

- Поддршка на туристичките дестинации надвор од туристичка сезона;

- Конкурентна бизнис клима за раст на бројот на мали и средни претпријатија и нови работни места од областа на туризмот и угостителството;

- Натамошен развој на активниот туризам како потенцијал за силен локален економски развој.

Планирање и одржливо искористување на природните богатства

- Зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија и заштита на животната средина;

- Обезбедување  на енергетски сигурност и стабилност;

- Либерализација на пазарот на електрична енергија и раст на инвестициите во енергетскиот сектор;

- Зголемување на користењето на природниот гас и искористување на сончевата енергија во домаќинствата;

- Истражување,  екплоатација и одржливо искористување на минералните суровини.

Креирање на единствен пазар – внатрешен пазар на Република Македонија, усогласен со целокупното законодавство на Европската Унија

- Унапредување на заштитата на потрошувачите со понатамошна континуирана  хармонизација на Законот за заштита на  потрошувачите;

- Eфикасно спроведување на правото во делот на заштита на потрошувачите;

- Постигнување на поголема едуцираност на потрошувачите за остварување на нивните права, запознавање на трговците со правата и обврските, како и начинот на заштита на економските интереси;

- Зголемување на довербата на потрошувачите спрема трговците на стоки и услуги;

- Правна заштита на потрошувачите при склучување на договори за потрошувачки кредити;

- Усогласување на националното техничко законодавство од областа на возилата со техничкото законодавство за возилата на ЕУ, со цел регулирање на внатрешниот пазар, согласно ЕУ регулативата.

Развивање на ефективна трговска политика

- Создавање на поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис-секторот,  недискриминација,  зголемена ефикасност и транспарентност на институциите и целосно почитување на принципите на правната држава;

- Јакнење на позицијата на Република Македонија во меѓународната заедница и унапредување на односитe, како и продлабочување и проширување на соработката на билатерален,  регионален и мултилатерален план;

- Олеснување на пристапот на меѓународните пазари на стоки и услуги преку склучување на договори за слободна трговија и договори за трговска и економска соработка, либерализација на трговијата со стоки и услуги и  идентификување и намалување на бариерите во трговијата во рамките на склучените договори.

ВАЖНО: ПРИОРИТЕТИТЕ И ЦЕЛИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ИМААТ ЕДНАКВО ЗНАЧЕЊЕ.