Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Северна Македонија

Институција која огласува: Министерство за економија и труд

Рок на пријавување: 15/08/2025

Соопштение за поништување на Јавен повик бр. 18-3678/1 од 18.07.2025 

Министерството за економија и труд известува дека врз основа на Одлука за поништување на Јавниот повик  број 18-3678/3 од 15.12.2025, потпишана од министерот за економија и труд, се поништува Јавниот повик бр. 18-3678/1 од 18.07.2025 објавен на веб страната www.economy.gov.mk, на 18.07.2025 поврзан со Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2025 година („Службен весник на РСМ бр. 29/25„) дел II област Б. Општествена одговорност, Мерка 1: Поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти од преработувачка индустрија.

Јавниот повик се поништува поради утврдени недоволно прецизни дадени насоки во јавниот повик по однос на сертификационите тела и телата за оценување  кои можат да воведат  сертификација/ресертификација/подготвување на извештај за менаџмент системи за општествена одговорност.

 

Јавен повик

Барање

Изјава

Изјава за доделена државна помош

Мени за пристапност