Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

 01.12.2025   

       Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019 и 253/23),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

      Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 20-6878/2 од 25.10.2024 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

    1. Пеце Мирчески, со адреса на живеење ул. „Букурешка“, бр.12/1-29, Карпош, Скопје, како одговорно лице на правното лице.   

       Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

      Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

                          Комисија за водење на прекршочна постапка

                         од областа на работните односи

Мени за пристапност