01.12.2025
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019 и 253/23), Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 19-4664/3-24 од 28.11.2024 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за уредување и одржување на паркови, градежништво, трговија и услуги Урбан Планет Еда Тетово, со седиште на ул. „108“ бр. 8 Тетово, со ЕДБ 4028021542888 и ЕМБС 7485751, како одговорно правно лице и
2. Аднан Османи, со адреса на живеење ул. „108“, бр.8, Тетово, како одговорно лице на правното лице.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за водење на прекршочна постапка
од областа на работните односи