06.02.2026
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19 и 253/23), Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-3641/9 од 27.11.2025 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за подготовка и послужување на храна ЛАДУР КАФЕ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр. 13, Скопје, со ЕДБ 4080018577400 и ЕМБС 7316984, како одговорно правно лице и
2. Ајкут Хилми Атик, со адреса на живеење или привремен престој на ул. Димитрие Чуповски“, бр. 22 А-2/12, Скопје, како одговорно лице на правното лице.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за водење на прекршочна постапка
од областа на работните односи