15.10.2026 година
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19 и 253/23), Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи му соопштува на наведеното правно лице сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 22-2550/2 од 15.05.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за градежништво, промет и услуги ЕЛИТЕ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. ,,Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 60/Б-7, Центар, Скопје со ЕДБ 4080023615531 и ЕМБС 7682140, како одговорно правно лице
Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за водење на прекршочна постапка
од областа на работните односи