Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

06.02.2026  

         Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19 и 253/23),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-4721/8 од 27.11.2025 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

    1. Друштво за производство, трговија и услуги БГБГ 2022 ДООЕЛ Кочани, со седиште на ул. „Ристо Симеонов“ бр.  20, Кочани, со ЕДБ 4013022520279 и ЕМБС 7580029, како одговорно правно лице и 

    2. Даниела Ангелова, со адреса на живеење на ул. „Рајко Жинзифов“, бр. 42, Кочани, како одговорно лице на правното лице.   

       Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

 

              Комисија за водење на прекршочна постапка

                         од областа на работните односи

 

Мени за пристапност