Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

 30.03.2026 година

     Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр. 96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица, сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-914/2 (врска број 22-2182) од 11.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

    1. Друштво за продукција, трговија и услуги МУН МЈУЗИК ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. „Јане Сандански“ бр. 19/2-27, Аеродром, Скопје, со ЕДБ 4032020547506 и ЕМБС 7470487, како одговорно правно лице и 

    2. Ален Хаџиќ, со адреса на живеење Бул. „Јане Сандански“ бр. 19/2-27, Аеродром, Скопје, како одговорно лице на правното лице.   

    Се повикуваат горенаведените физичко и правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

              Комисија за водење на прекршочна постапка

             од областа на работните односи

Мени за пристапност