Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     18.05.2026 година

     Врз основа на член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр. 96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи му соопштува на наведеното правно лице, сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-60/4 (врска број 22-2771) од 23.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:

    1.  Друштво за монтажа, сервисирање и услуги од областа на телекомуникациите МТЛ ИНФИНИТИ АПДЕЈТ ДОО Скопје, со седиште на ул. „Диме Аницин“ бр. 15, локал 4, Центар, Скопје, со ЕДБ 4080021602467 и со ЕМБС 7554451, како одговорно правно лице.

    Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведенoтo лицe не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

              

Комисија за водење на прекршочна постапка 

     од областа на работните односи

Мени за пристапност