24.03.2026 година
Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр. 96/19, 253/23, 13/26 и 26/26), Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи му соопштува на наведеното физичко лице, сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-283/2 од 16.01.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Пеце Мирчески, со адреса на живеење ул. „Букурешка“ бр. 12/1-29, Карпош, Скопје, како одговорно лице на правното лице Служба за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија.
Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за водење на прекршочна постапка
од областа на работните односи