Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

19.05.2026  

     Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-17/3; 22-20/3 (врска број 22-4369; 22-4845) од 23.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1.  Друштво за трговија и услуги ОРКА БАУ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Казанџиска“ бр. 13-1/1, Чаир, Скопје, со ЕДБ 4080022603599 и ЕМБС 7568720, како одговорно правно лице; 

2.     Есра Курт Република Турција, со адреса на привремен престој на Бул. „Крсте Мисирков“, бр.17/1-14, Центар, Скопје, како одговорно лице на правното лице;

    3.     Али Курт Република Турција,  со адреса на привремен престој на Бул. „Крсте Мисирков“, бр.17/1-14, Центар, Скопје, како одговорно лице на правното лице и     

    4. Рамзи Корап Република Турција, со адреса на привремен престој на Бул. „Крсте Мисирков“, бр.17/1-14, Центар, Скопје, како одговорно лице на правното лице.

 

      Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

  Комисија за водење на прекршочна постапка

   од областа на работните односи

Мени за пристапност