Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

27.03.2026 

     Врз основа на член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:  

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

      Министерството за економија и труд, Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на безбедност и здравје при работа му соопштува на наведеното правно лице сторител на прекршок по Законот за безбедност и здравје при работа, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 22-1065/3 од 25.02.2025 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1.       Друштво за производство, трговија и услуги КЛУБ СЛОТ 77 увоз-извоз ДОО Битола, Подружница ГОЛД СЛОТ КЛУБ 25 Скопје Ул,,Хасан Приштина” бр.58 Скопје-Бутел, како одговорно правно лице

       Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на безбедност и здравје при работа на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

      Предупредување: Доколку горенаведеното правно лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. 

 

 

 

Комисија за водење на прекршочна постапка

од областа на безбедност и здравје при работа

Мени за пристапност