17.11.2026 година
Врз основа на член 84 став (1) од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/15), а во врска со Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/15, 30/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/20 и 74/25), Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, му соопштува на наведеното физичко лице, подносител на Барање за полагање на стручен испит за безбедност при работа по Закон за безбедност и здравје при работа , дека направи два последователни обиди за доставување на Барање за доставување доказ број 12-5130/2 од 02.10.2026 година, а по поднесено барање за полагање на стручен испит за безбедност при работа кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:
1. ЗОРАН ЃОРЃИЕВСКИ, со адреса на живеење на ул.Теодосие Синаитски бр. 66 Скопје-Карпош.
Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 84 став (4) од Законот за општа управна постапка.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 84 став (4) од Законот за општа управна постапка, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Министерство за економија и труд