Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     18.05.2026 година

     Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр. 96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи му соопштува на наведеното физичко лице, сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-407/4 (врска број 22-4774) од 23.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:

    1.  Јетон Буќи,  со адреса на живеење ул. „Бутелска Венец“ бр. 102, Шуто Оризаре, Скопје, како одговорно лице на правното лице Јавно претпријатие ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО - Скопје, со седиште на Булевар „Илинден“ бр. 104 Скопје - Карпош   

    Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

                     

Комисија за водење на прекршочна постапка 

                од областа на работните односи

Мени за пристапност