Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

30.03.2026 година

     Врз основа на член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица, сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 22-912/2 (врска број 22-3777/1) од 11.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

    1. Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ЕВРОПА ФЕШН ДООЕЛ експорт – импорт Штип, со седиште на ул. „Гоце Делчев“ бр. 167, Штип, со ЕДБ 4029012510929 и ЕМБС 6754848, како одговорно правно лице. 

     Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

 

      Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

               Комисија за водење на прекршочна постапка

      од областа на работните односи

Мени за пристапност