Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

17.03.2026 

     Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 253/23, 13/2026 и 26/2026),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:  

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

 

      Министерството за економија и труд, Комисиjaтa за водење на прекршочна постапка од областа на на безбедност и здравје при работа и соопштува на наведеното физичко лице сторител на прекршок по Законот за безбедност и здравје при работа, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 22-753/3 од 10.02.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1.      Радмила Пешева, со адреса на живеење Ул. Св.Кирил и Методиј бр.20-1/9 Скопје, како одговорно лице на правното лице Јавно претпријатие за благосостојба на животните скитници  ЛАЈКА  Скопје.

       Се повикува горенаведеното одговорно лице на правното лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на безбедност и здравје при работа на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

      Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. 

 

 

Комисија за водење на прекршочна постапка

од областа на безбедност и здравје при работа

Мени за пристапност