Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

20.08.2026 година

    Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 253/23, 13/26 и 26/26),  Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

     Министерството за економија и труд, Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи mu соопштува на наведеното  правно лица сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи три последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 22-1162/4 од 06.05.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1.        Друштво за производство, трговија и услуги СИМПО ДОО увоз-извоз Скопје со седиште на ул. „Кочо Битољану“ бр.1, Гази Баба, Скопје со ЕДБ 4030992259753 и ЕМБС 4345959, како одговорно правно лице и 

       Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна  постапка.

      Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна  објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

 

                Комисија за водење на прекршочна постапка

               од областа на работните односи

Мени за пристапност