20.08.2026 година
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/19 и 253/23), Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи при Министерството за економија и труд врши објава на веб страницата на Министерството за економија и труд:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за економија и труд, Комисијата за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека нaправи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ број 22-2550/2 од 15.05.2026 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за градежништво, промет и услуги ЕЛИТЕ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. ,,Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бр. 60/Б-7,Центар, Скопје со ЕДБ 4080023615531 и ЕМБС 7682140, како одговорно правно лице и
2. Коста Стоилов, со адреса на живеење на ул. „Илија Миов“ бр. 16, Гевгелија, како одговорно лице на правното лице.
Се повикуваат горенаведените физичко и правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за економија и труд, Комисија за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи на ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-15:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнеста во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а неговите последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за водење на прекршочна постапка
од областа на работните односи