Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дурмиши: Реформите ја движат економијата поблиску до европскиот пазар

Дурмиши: Реформите ја движат економијата поблиску до европскиот пазар

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во објава на социјалните мрежи го истакна ангажманот на институциите во процесот на европска интеграција, по неговото учество на состанокот на Секторската група за конкурентност и иновации. Тој нагласи дека соработката со Делегацијата на ЕУ и меѓународните партнери веќе дава видливи резултати, а поддршката преку ИПА-програмите ги зајакнала институционалните капацитети и ја доближила домашната економија до стандардите на единствениот европски пазар.

Дурмиши посочи дека земјата напредува во спроведувањето на долгорочните стратегии за развој, иновации, извоз и поддршка на приватниот сектор, при што Реформската агенда останува компас што ги насочува институциите кон модернизација на економијата и побрза интеграција во Европската Унија. Според него, овие процеси ѝ обезбедуваат на државата посилна позиција во регионалната и европската конкуренција.

Во завршниот дел од својата објава, министерот го потенцира посветениот пристап на Владата кон создавање поповолна економска клима и повеќе можности за граѓаните и бизнисите.

„Работиме посветено за поконкурентна економија, подобри услови за бизнисите и повеќе можности за нашите граѓани“, напиша Дурмиши.

Мени за пристапност