Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дурмиши во Боговиње: Со Законот за финансиска поддршка ги поттикнуваме инвестициите и отворањето нови работни места

Дурмиши во Боговиње: Со Законот за финансиска поддршка ги поттикнуваме инвестициите и отворањето нови работни места

Боровиње 23.05.2026 година

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со градоначалникот на Општина Боговиње, Фети Абази, денеска посетија неколку производствени компании на територијата на оваа општина.

За време на посетата, министерот Дурмиши одблиску се запозна со предизвиците, потребите и очекувањата на локалните бизниси, нагласувајќи ја важноста на директната комуникација со приватниот сектор при креирањето економски политики.

На средбите со раководствата на компаниите, министерот ги запозна со можностите за финансиска поддршка преку јавниот повик на Министерството за економија и труд, предвиден со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Преку овој закон, финансиски ги поддржуваме компаниите кои инвестираат во зголемување на производството, проширување на капацитетите и отворање нови работни места. Оваа поддршка има директно влијание врз локалниот економски развој и намалувањето на невработеноста“, истакна министерот Дурмиши.

Тој додаде дека Министерството за економија и труд ќе продолжи да биде блиску до бизнисите, внимателно да ги следи нивните потреби и предизвици и да креира конкретни мерки за поддршка на економскиот развој.

Мени за пристапност