Во рамки на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Gilbert F. Houngbo.
На средбата беше разговарано за унапредувањето на соработката помеѓу Република Северна Македонија и МОТ, со посебен акцент на реформите на пазарот на трудот, креирањето достоинствени работни места, социјалниот дијалог и усогласувањето на националните политики со меѓународните трудови стандарди.
Министерот Дурмиши ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување политики кои придонесуваат за повисока вработеност, подобри услови за работа и зајакнување на конкурентноста на економијата, притоа нагласувајќи ја важноста на континуираната поддршка и експертиза од страна на МОТ.
Генералниот директор Хунгбо ја поздрави активната улога на Северна Македонија во рамки на Меѓународната организација на трудот и ја потврди подготвеноста за натамошна соработка во областите од заеднички интерес.
Сесија на Меѓународната конференција на трудот се одржува од 1 до 12 јуни 2026 година во Женева и претставува највисок форум на МОТ, на кој владите, работодавачите и синдикатите од 187 земји-членки дискутираат за клучните прашања поврзани со светот на трудот, вклучително и достоинствената работа во платформската економија, родовата еднаквост на работното место и социјалниот дијалог.